9.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Фиорентина со важен триумф на гости кај Комо

Фиорентина конечно се израдува на нова победа во домашниот шампионат, откако од гостувањето кај Комо се врати со голем триумф од 1-2, во 25-тото коло од Серија А.

Тимот предводен од Цеск Фабрегас важеше за фаворит, не само поради домашниот терен и подобрата позиција на табелата, туку и поради солидната форма во овој дел од сезоната. Сепак, домаќинот тоа не го потврди на теренот. Фиорентина одигра зрело и тактички дисциплинирано, ги искористи своите шанси и со по еден погодок во двете полувремиња стигна до посакуваните три бода.

Резултатот го отвори Фаџиоли во 26-тата минута, додека веднаш на стартот од второто полувреме Кин зголеми на сигурни 0-2. Шпанскиот стратег на клупата на Комо ги искористи сите свои „џокери“, но тоа донесе само намалување на резултатот. Конечните 1-2 беа поставени во 77-та минута, кога Паризи си постигна автогол.

Во самиот финиш Комо остана со играч помалку, откако Мората поради приговори заработи два жолти картони во рок од една минута и мораше предвреме да замине во соблекувалната. Црвен картон беше покажан и на другата страна, во 70-тата минута исклучен беше тренерот Ваноли.

- Оглас -

Најнови вести