Фиорентина стигна до 15-тата победа оваа сезона во Серија А совладувајќи ја Аталанта со 1-0 на „Артемио Франки“. Овој пораз веројатно значи и крај на надежите во трката за титулата за гостите од Бергамо.
Клучниот момент се случи во 45-та минута, а херој беше напаѓачот на домаќинот Моисе Кин.
Moise Kean is on fire this season.pic.twitter.com/Fjf4WVGdmj
— Attacking Football (@AttackingFooty) March 30, 2025
Тој одзеде топка на средината на теренот, успеа да го претрча целото противничко поле и на крајот го совлада Марко Карнесеки.
По овој триумф, Фиорентина се наоѓа на седмата позиција со 51 бод, пет помалку од четвртопласираната Болоња која е во зоната за ЛШ.