Фиорентина заборави да победува, Комо со пресврт до целиот плен на „Артемио Франки“ (Видео)

Навивачите на Фиорентина се уште ја чекаат првата победа оваа сезона, откако нивните миленици загубија и од Комо, и тоа на домашен терен со пресврт.

„Виолетовите“ имаа водство уште од шесттата минута со голот на Роландо Мондрагора, но Марк-Оливер Кемп во 65-тата минута израмни на 1-1, а Џајден Адаи во 93-тата минута донесе комплетен пресврт и победа на Комо од 1-2 на „Артемио Франки“.

Фиорентина со само два бода по четири кола се наоѓа на катастрофалното 17-то место во Серија А, додека Комо со новите три бода напредуваше до осмото место.

- Оглас -

Најнови вести