Фиренца е следната дестинација на Ел Пистолеро?

Луис Суарес нема намера да се врати на јужноамериканскиот континент иако до него стигнаа неколку понуди од аргентински прволигаши. Неговата цел е да игра во Европа уште неколку сезони, иако e влезен во ветеранските 35 години.

Како можна следна дестинација на популарниот Ел Пистолеро може да биде Фиренца, односно калчолигашот Фиорентина. Виолетовите се единствени кои покажаа интерес да го задржат Суарес во една од топ 5 лигите во Европа, но засега проблем прави неговиот финансиски услов.

Имено, Суарес ќе мора да се согласи на пониска плата од седум милиони евра ако сака да заигра на „Артемио Франки“.

Ексголгетерот на Ливерпул, Барселона и Атлетико од 1 јули ќе биде слободен играч откако ќе му истече договорот со Јорганџиите, но нема да брза во одлуката и ќе почека во случај да се „јави“ уште некој клуб од Стариот Континент.

- Оглас -

Најнови вести