Фјури ќе мора да престане да пие по 10 пива на ден, договорен е двомеч со Џошуа

Тајсон Фјури и Ентони Џошуа конечно ќе боксуваат меѓусебе за обединување на титулите во четири различни верзии, ВБА, ИБФ, ВБО и ВБЦ, откако нивните агенти објавија дека е потпишан договор за два меча.

„Се е договорено и потпишано, а наскоро ќе објавиме каде ќе биде првата борба“, изјави Еди Херн, застапникот на Џошуа.

Се најавува дека првиот бокс меч меѓу шампионите ќе биде во мај, а можно е да се одржи надворт од Велика Британија, поради пандемијата со Ковид-19.

Џошуа, кој е актуелен првак со појаси од ВБА, ИБФ и ВБО асоцијациите има само еден пораз во кариерата, а неговиот сонародник Фјури се уште е непоразен.

Популарниот Крал на циганите како што го нарекуваат Фјури имаше интересна најава за спектаклот со Џошуа и вели дека може да го победи и со 14 испиени пива.

„Моментно не тренирам, на одмор сум. Секој ден пијам меѓу осум, 10 или 12 пива. Не јадам, но калории внесувам преку алкохолот. Толку време напорно тренирав и сега е време малку да одморам.

Можам да испијам 14 пива и потоа да се борам и да го победам Џошуа. Нема потреба сега да тренирам, затоа што за таков слаб противник доволно ќе ми бидат шест-седум неделни за да се подготвам. Само да не побегне пред борбата“, изјави Фјури.

 

 

- Оглас -

Најнови вести