Украинскиот боксер, Олександр Усик, со едногласна одлука на судиите во Ријад ја одбрани светската титула и вторпат го победи Тајсон Фјури, но британскиот боксер не се согласува и смета дека токму тој бил подобриот во рингот и заслужил да победи.
„Се колнам, мислев дека јас сум победникот и дека разликата беше три рунди во моја корист. Бев сигурен дека сум победникот, постојано бев пред него. Ова се случува кога нема нокаут. Судиите му дадоа на Усик ран божичен подарок. Моето чувство е дека бев подобар и во двете борби. Знаев дека морам да го нокаутирам, но ова е бокс и вакви работи се случуваат. Во мојата глава нема ниту трунка сомнеж дека јас сум победникот.“ – рече Фјури после мечот против Усик.