ФК Шкупи за првпат се врати на активностите по трагичниот настан во Кочани, во кој животот го загуби нивниот фудбалер Андреј Лазаров.
Со ранети срца, со солзи во очите и неизмерна тага, играчите, стручниот штаб и менаџментот на клубот денеска се собраа во соблекувалните на стадионот во Чаир за да му оддадат почит на својот несреќно загинат соиграч. Тренингот сепак беше откажан.

На неговото место во соблекувалната стоеше дресот со број „77“, кој засекогаш ќе остане симбол на сеќавањето на Андреј Лазаров. Неговиот херојски чин, во кој го жртвуваше својот живот за да спаси други, ќе биде вечно запаметен.






