Претставникот на навивачката група Комити, Милорад Миленковски-Мики, обелодени дека Општина Кисела Вода најдоцна до утре, пред баражот на Вардар со Скопје, на фудбалерите на Вардар ќе им префрли 1.000.000 денари, што претставува дополнителен голем мотив за Црвено-црните пред мечот за влез во Првата лига.
Комитите најавуваат дека и други општини ќе го помогнат клубот, но ова е првиот конкретен чекор.
Во тек е и акција на апликацијата Gofundme, каде што досега се собрани над 5.000 евра и сите фанови може да донираат колку што можат.