0.8 C
Skopje
недела, 14 декември 2025

Фламенго го победи африканскиот првак и си закажа финале на Интерконтиненталниот куп

Јужноамериканскиот шампион Фламенго е вториот финалист на овогодинешниот Интерконтинентален куп откако го победи африканскиот шампион Пирамиди со 2-0 во полуфиналниот натпревар во Катар. По денешната победа, Црвено-црните го добија и трофејот од Челинџер Купот од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Фламенго кој ја имаше фаворитската улога пред мечот, поведе со голот на Лео Переира во 24 минута, а сите дилеми околу победникот беа решени во 52 минута кога ветеранот Данило зголеми на 2:0.

Сега пред Фламенго е последната препрека до светскиот трофеј, а тоа е финалето против европскиот првак Пари Сен Жермен кое ќе се игра на 17 декември во Доха.

- Оглас -

Најнови вести