Тренерот на Барселона, Ханси Флик, причините за неочекуваниот пораз од Реал Сосиедад ги гледа во сопствените редови, но и кај судиите, за кои смета дека неоправдано го поништиле голот на Роберт Левандовски во 13-тата минута, по кој натпреварот со сигурност ќе имаше друг тек.
„Наша е одговорноста за овој пораз, мораше да играме подобро. Игравме добро само во првите 20 минути. Ова не беше наш ден. Противникот играше одлично. Добро влеговме во мечот, меѓутоа една долга топка беше доволна да примиме гол. Му кажав на судијата дека погреши со офсајдот на Левандовски. Ги видов фотографиите и одлуката навистина беше погрешна. Сепак, и судиите се само луѓе и можат да погрешат. Ни недостасуваше Јамал, се надевам дека денес ќе дознаеме повеќе за неговата состојба. Мислам дека тој нема да игра ниту за репрезентацијата. Ако можеше да игра, ќе играше и против Реал Сосиедад“, рече Ханси Флик по натпреварот во Сан Себастијан.