Флик: Стилот на играта на Барселона мора малку ќе се промени

Новиот тренер на Барселона, Ханси Флик најави дека ќе го почитува традиционалниот стил на игра на каталонскиот гигант, но и дека ќе воведе некои новитети и промени. Германскиот стратег најавува дека од неговиот нов тим ќе очекува да игра многу подиректен фудбал.

„Знам дека тука традиционало се игра со многу додавања, но јас сакам да видам многу повеќе офанзивна игра кон противничкиот гол. Треба повеќе да се фокусираме на подобрување на реализацијата. Не мислам дека мојот стил ќе се промени поради Барселона. Од моите играчи ќе барам само едно, висок пресинг и повеќе да играме во полето на противникот. На крајот, најбитно е да победуваме“, вели Флик.

Флик кој работеше како тренер во Баерн Минхен, пред два месеци се договори на двегодишен договор со Барселона. Флик како предводик на Баерн Минхен во 2020 година ги предводеше баварците до тројна круна.

Барселона минатата сезона не освои ниту еден трофеј, па токму затоа Чави Ернандес доби отказ, а Флик беше доведен за да го врати клубот на шампионските патеки.

Новата сезона за каталонскиот гигант ќе стартува на 17 август со гостување кај Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести