3.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Флик: „Тер Штеген можеби ќе брани против Ајнтрахт, но Гарсија е првиот голман на Барселона“

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, изјави дека голманот Марк-Андре Тер Штеген би можело да игра вечерва против Ајнтрахт Франкфурт во натпреварот од Лигата на шампионите.

Сепак, германскиот стручњак додаде и појасни дека го смета Жоан Гарсија за главен голман на Каталонците.

„Да, Марк би можело да биде во составот. Но, за мене Жоан е нашиот голман број еден“, порача Флик.

Тер Штеген не бранел на официјален меч уште од мај, имаше шпекулации дека зимава би можело да се пресели во Бешикташ.

- Оглас -

Најнови вести