Реал Мадрид доживеа дебакл во Лисабон и загуби со 4-2 од Бенфика, што ги остави надвор од топ-8 екипите во Лигата на шампионите, па сега ќе мора да играат дополнителен двомеч за влез во осминафиналето. Тоа го налутило Флорентино Перес, а посебно дефанзивата на тимот, па токму во тој дел ќе биде и следното засилување за „кралевите“.
Претседателот на Реал Мадрид веднаш дал налог да се започнат преговори за купување на еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, Кристијан Ромеро од Тотенхем.
Аргентинецот во моментов вреди 60 милиони евра, но има договор до 2029 година, па Тотенхем нема намера да го ослободи за помалку од 100 милиони евра, колку што ќе треба да плати Реал Мадрид доколку сакаат да го имаат во своите редови.

