Флорентино Перес во Ливерпул го пронајде новиот галактико

Реал Мадрид ќе се пушти во нов шопинг во претстојниот преоден рок. Зависно од тоа до кога, односно дали првенствата ќе продолжат со сезоната, ќе се одреди и отворањето на летниот транфер прозорец, во кој Кралевите повторно ќе купуваат офанзивец.

Коронавирусот го прекина шампионатот на Ла Лига како и сите останати во Европа, а додека трае суспензијата претседателот Флорентино Перес крои план кој ќе треба да го оствари за да го засили составот на Зинедин Зидан.

На врвот на листата желби е ѕвездата на Ливерпул Садио Мане, за кого наводно Реал е подготвен да потроши околу 160 милиони евра за да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“. Мане е еден од главните играчи во тимот на Јирген Клоп и несомнено меѓу најзаслужните за успесите кои ги остварува клубот во изминативе неколку сезони.

Лани беше меѓу тројцата најдобри стрелци во Премиер лигата заедно со Мо Салах и Пјер-Емерик Обамејанг, a оваа сезона Мане повторно блеска со 18 погодоци и 12 асистенции на 38 меча во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести