3.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Флорентино задоволно се смешка: Реал Мадрид очекува 400 милиони евра само од една работа

Раководството на Реал Мадрид го реновира „Сантијаго Бернабеу“, па стадионот сега изгледа фантастично, но се користи и за многу други работи кои немаат врска со фудбалот.

Вложувањата и тоа како им се враќаат на Кралевите, па Флорентино Перес очекува приходи од 400 милиони евра оваа сезона само од стадионот и само за активности кои не се поврзани со фудбалот.

На стадионот има луксузни ресторани и угостителски објекти, се издава на концерти и манифестации, а бројот на спонзори и реклами постојано расте. Планот е дури да има и нова реконструкција со која ќе се зголеми и капацитетот за публиката.

- Оглас -

Најнови вести