Флоријан Вирц му открил на Чаби Алонсо каде сака да ја продолжи кариерата

Флоријан Вирц, младиот бисер на Баер Леверкузен, наводно го одбрал својот следен чекор – и тоа не е Реал Мадрид, ниту пак Манчестер сити. Германскиот репрезентативец, според „Билд“, јасно му ставил до знаење на тренерот Чаби Алонсо дека сака да се пресели во Баерн Минхен.

Баварскиот гигант е подготвен да направи сè за да го доведе – од трансфер вреден 125 милиони евра, до петгодишен договор што му гарантира плата од 25 милиони евра годишно. Тоа би го ставило Вирц рамо до рамо со Хари Кејн и Џамал Мусијала како најплатени фудбалери во клубот.

Оваа сезона 22-годишниот плејмејкер буквално блескаше, одигра 43 натпревари, постигнувајќи 16 гола и 12 асистенции.


Баерн не сака да дозволи талент како него да заврши надвор од Германија, особено не кај ривалите од Лигата на шампионите. Но, Баер Леверкузен, пак, не сака да го засили ривалот од Бундеслигата.

Се чини дека летово не нè чека само трансфер, туку и вистинска фудбалска сага.

- Оглас -

Најнови вести