Весли Фофана веднаш ќе се пробие во Топ-3 најскапи дефанзивци на сите времиња, ако Лестер му го продаде на Челзи за сума од 70 милиони фунти.
Англиските медиуми објавија дека трансферот е веќе договорен, па се чека само реализација викендов.
Лестер ќе ќари скоро двојно повеќе, откако во октомври 2020 година го плати 36.5 милиони фунти, 21-годишниот стопер, тогаш од Сент Етјен.
Фофана е еден од најталентираните дефанзивци во моментов, а се чека само трансфер да биде и третиот најскап одбранбен играч, зад Хари Мегваер и Вирџил Ван Дајк, а пред Лукас Ернандес и Матајс Де Лихт.
[Sky Sports] Most expensive defenders in world football if Fofana deal is completed from soccer
Интересно е што денеска во Лондон токму Челзи и Лестер ќе играат меѓусебе, а Фофана не е во составот на Лисиците, откако беше тивко казнет со преселба во Б тимот на Лестер за играчи до 23 години.