Фонсека верува дека Милан уште има шанси да биде првак во Серија А

Милан и Јувентус одиграа брз голови во дербито на Серија А, но со играта која беше прикажана на „Сан Сиро“, многумина од фановите останаа разочарани. По мечот, тренерот на Милан, Пауло Фонсека покажа оптимизам, па дури размислува и за освојување на титулата.

„Игравме многу внимателно против Јувентус. Нормално е кога нема победа, да има негодување. Ако сум навивач сигурно и јас нема да бидам задоволен ако дојдам на стадион и гледам ваков меч. Потполно ги разбирам навивачите за нивното негодување. Ова беше многу тактички меч од двете страни. покажавме премногу респект кон Јувентус, а и тие покажаа почит кон нас. Затоа имаше и премалку ризични моменти на мечот. Јас продолжувам да верувам дека можеме да ја освоиме титулата. Има уште многу мечеви до крајот“, рече Фонсека по ремито против Јувентус.

Милан има 19 бодови, дури девет помалку од лидерот Интер.

- Оглас -

Најнови вести