Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, најверојатно го возел автомобилот во фаталната несреќа во која загинаа португалскиот репрезентативец и неговиот брат. Ова е според прелиминарниот извештај на шпанската полиција, чии делови беа објавени синоќа.
Преголемата брзина е најверојатната причина зошто автомобилот се судрил и се запалил откако му дупнала гума при престигнување на автопатот А-52 во Сернадиља, Замора.
„Форензичкиот тим ги анализира трагите оставени од едното тркало на автомобилот на асфалтот, што укажува дека дупната гума и прекумерната брзина ја предизвикале несреќата. Сите наши податоци укажуваат на можно пречекорување на максималната дозволена брзина на оваа делница. Сите тестови спроведени во овој момент покажуваат дека возачот на удрениот автомобил бил Диого Хота“, изјави портпаролот на Шпанската цивилна гарда.
Сепак, истрагата е во тек и откако конечно ќе биде завршена, полицијата ќе го испрати извештајот до локалниот суд пред да биде објавен. Се нагласува дека процесот бил усложнет од интензитетот на пожарот, кој речиси целосно го уништил автомобилот.