На пилотите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри би можеле да им бидат одземени бодовите кои ги освоија утрово на трката во Лас Вегас, и тоа би било катастрофа за нив, а одлична вест за Макс Ферстапен од Ред Бул.
За време на техничките проверки по трката, ФИА утврди дека дебелината на подот на задниот дел од автомобилите на двајцата возачи е под пропишаните 9 милиметри. Спортските прописи на ФИА предвидуваат дека таквото кршење на техничките правила автоматски води до дисквалификација, односно одземање на бодови.
Ако им бидат одземени бодовите, би се вжештила борбата за титулата. Така, на два трки до крајот, Ферстапен би се изедначил со Пјастри, а би имал само 24 бода помалку од Норис. Во игра се 58 поени, бидејќи остануваат две трки и еден спринт.

