Формула 1 даде зелено светло за враќање на навивачите на трибините. Денешната трка во Белгија и следната во Италија се без публика, но за трката за Големата награда на Тоскана љубителите на најбрзиот циркус ќе уживаат од прв ред.
На трибините „Централо“ и „Матераци“ од патеката „Муџело“, ќе може да присуствуваат по 1000 гледачи дневно, додека останатите 880 влезници ќе бидат наменети за фан-клубот на Ферари.
Трката која е предвидена за 13 септември ќе биде јубилејна за Ферари, ќе се слави 1000-тото учество во трки од Формула 1, па затоа организаторите одлучија да му излезат во пресрет на кулниот тим.