Формула 1 од наредната сезона ќе има нов календар

Тековната сезона во Формула 1 е на самиот почетокот, но веќе се разгледуваат опциите за наредната сезона. Според предлогот сезоната ќе започне на 3-ти Март со ГН на Саудиска Арабија. Оваа сезона започна во Бахреин, но тоа сега ќе биде променето.

Втора трка требаше да биде токму таа за ГН на Бахреин на 17-ти Март, но поради рамазанскиот пост кој започнува на 11-ти Март, оваа трка ќе биде преместена на крајот од сезоната. Така последните три трки од наредната сезона ќе бидат во Бахреин, Сингапур и Абу Даби.

Втората трка ќе биде за ГН на Австралија, а потоа ќе биде и трката за ГН на Кина која после четири години поради Корона пандемијата се враќа во календарот. Четврта трка ќе биде ГН на Јапонија и за прв пат после три децении оваа трка нема да биде на крајот од сезоната поради лошите временски прилики и дождовите кои прават хаос во тој период.

После азиско-пацифичката турнеја, караванот полека ќе се движи кон Европа. Петтата трка ќе се одржи во Азербејџан, а потоа ќе следуваат и останатите европски трки Шпанија, Австрија, Франција, Велика Британија, Унгарија и Белгија.

Календарото дополнително треба да биде потврден од страна на ФИА.

- Оглас -

Најнови вести