Фортуна покажа дека не е на среќа и убедливо го победи Бохум на гости

Фудбалерите на Фортуна Дизелдорф одиграа фантастичен меч и победија со убедливи 3:0 против Бохум во првиот меч од баражот за место во Бундеслигата. Бохум беше тимот кој сезоната во Бундеслигата ја заврши на 16 место, додека Фортуна беше трета во Цвајте.

Според резултатот по првиот меч и победата на Фортуна од 3:0, ќе биде вистинско чудо во реваншот тимот од Дизелдорф пред своите навивачи не ја сочува оваа убедлива предност. В понеделник ќе се игра реваншот по кој ќе се знае последниот патник за Бундеслигата за следната сезона.

Во 13 минута голгетерот на Бохум, Хофман си даде автогол и го најави триумфот на Фортуна Дизелдорф. Во второто полувреме, гостите постигнаа уште два погодоци и на крајот стигнаа до убедлива победа.

- Оглас -

Најнови вести