-2.2 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

Фотографијата на Ергин Атаман од почетокот на кариерата е хит на интернет, а со него е и легендарниот Наумоски

На социјалните мрежи се појави една фотографија која датира од 2002 година, а на неа се две кошаркарски икони. Македонската легенда Петар Наумоски заедно со Ергин Атаман, кој сега е еден од најдобрите европски тренери на денешницата.

Во тој период, Атаман беше помошник тренер во Ефес Пилсен, клубот каде што Наумоски е клупска легенда и е еден од ретките чиј дрес е повлечен на кровот од салата.

Наумоски и Атаман потоа повторно соработуваа во тимот на Улкер. Тогаш Атаман лично инсистираше Наумоски да дојде во тимот, а Наумоски секако дека беше благодарен на тренерот кој имаше голема доверба во него.

Денеска, Атаман важи за еден од најреномираните европски тренери, додека Наумоски се памти како легенда не само на македонската, туку и на европската кошарка во периодот од крајот на 20 и почетокот на 21 век.

- Оглас -

Најнови вести