25.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Фотографијата на Роналдо од аеродромот во Ријад е стара три години, Португалецот по секоја цена сака да остане во Европа

Сапуницата околу Кристијано Роналдо и неговиот иден клуб продолжува, Португалецот сè уште нема нов тим откако го раскина договорот со Манчестер јунајтед, а вчерашната фотографија која се појави на социјалните мрежи е стара неколку години.

Имено, францускиот портал „Футмеркато“ вчера објави фотографија од Роналдо на аеродромот во Ријад и напиша дека Португалецот слетал во Саудиска Арабија за да потпише договор со Ал-Наср, кој му нуди вистинско богатство. Шпанската „Марка“ пред неколку недели објави дека Ал-Наср му нуди на Роналдо неверојатни 500 милиони долари за две и пол години.

Но, веста на Футмеркато веднаш е демантирана, откриено е дека фотографијата на Роналдо на аеродромот во Ријад е стара точно три години.
Имено, на 22 декември 2019 година, Роналдо како член на Јувентус токму во Ријад играше во италијанскиот Суперкуп против Лацио.

Додека медиумите го селат Роналдо во Саудиска Арабија, агентот на фудбалерот Жорж Мендеш му бара нов тим кој ќе игра во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, дури и тропнал на вратата на германскиот Ајнтрахт Франкфурт.

„Имам чувство дека Роналдо е понуден на сите екипи коишто играат во Лигата на шампионите. Дури и нам ни го понудија“, изјави Аксел Хелман, претседател на Ајнтрахт Франкфурт.

- Оглас -

Најнови вести