Манчестер јунајтед ќе купи ѕвезда на Барселона за 80 милиони евра

Фудбалерот за врска на Барселона, Фермин Лопес, би можело да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објави „Фишајес“.

Според изворот, Манчестер јунајтед понудил 80 милиони евра за 22-годишниот Шпанец, гледајќи го како идеален наследник на Каземиро во средниот ред.

Лопес е производ на младинската школа на каталонскиот гигант и има важечки договор со клубот до 2029 година. Во сезоната 2024/25 одигра 46 натпревари во сите конкуренции, постигна осум погодоци и забележа 10 асистенции.

На Барселона ѝ се потребни финансии за да може да ја санира лошата состојба и да може да ги регистрира без проблем новите засилувања, а можеби и да доведе уште еден дефанзивец по заминувањето на Ињиго Мартинес во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести