Фрејзер-Прајс е како стрела, го истрча второто најдобро време на 100 метри

Шели-Ен Фрејзер-Прајс беше исклучително брза на олимписките квалификации во Кингстон, Јамајка и го забележа вториот најдобар резултат на сите времиња на 100 метри.

Фрејзер-Прајс мина низ целта за 10 секунди и 63 стотинки што е за само 14 стотинки послабо од светскиот рекорд на Флоренс Грифит-Џојнер.

Американката која почина во 1998 година, една деценија претходно го истрча најбрзото време на 100 метри со резултат од 10 секунди и 49 стотинки.

Шели-Ен е двојна олимписка шампионка на 100 метри и во Токио ќе се обиде да дојде и до хет-трик, а има и четири злата во спринтот на Светските првенства.

Рекордот на популарната Фло-Џо е еден од најстарите во светот на атлетиката, но веќе многу блиску до него се и Фрејзер-Прајс и Шакари Ричардсон, Американка, која сезонава истрча 10.72 на 100 метри.

 

- Оглас -

Најнови вести