Франција доби нов херој: Дури 13 години чекаа на вакво нешто во Париз

Францускиот тенисер Иго Умбер ќе игра во финалето на мастерс турнирот во Париз, откако во полуфиналето го совлада Карен Хачанов со 2:1 во сетови. Со оваа победа Умбер стана првиот Французин кој обезбеди место во финалето и тоа по пауза од 13 години.

Последен пат француската публика имаше можност во финалето да навива за свој миленик во 2011 година, кога играше Жо Вилфред Цонга.

Речиси три часа траеше дуелот против Хачанов, а првиот сет беше решен по тај-брејк, а го доби рускиот тенисер. Во вториот сет Умбер направи еден брејк и го доби сетот со 6:4. Тоа му даде дополнителен мотив на Французинот кој беше бодрен и од домашната публика, па во третиот сет следуваа уште два брејка на Умбер за 6:3 во решавачкиот трет сет.

Во финалето, Умбер ќе игра против Александер Зверев кој со 6:3, 7:6 го победи Холгер Руне.

- Оглас -

Најнови вести