Данска одлучи на кој стадион ќе го игра баражот со Македонија, продажбата на билети од февруари

Стадионот „Паркен“ во Копенхаген ќе биде местото на кое на 26 март од 20.45 часот фудбалските репрезентации на Данска и Македонија ќе се борат за место во финалето од баражите за Светското првенство.

Данците не експериментираат, сите мечеви ги играат на својот култен стадион во главниот град, па така ќе биде и кога ќе ја пречекаат Македонија.

Од Данската фудбалска федерација објавија и дека билетите ќе бидат во продажба од 18 февруари.

Фото: footballpictures.dk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести