Репрезентацијата на Франција е фаворит 1 за освојување на Европското првенство, барем според капитенот на Германија, Илкај Гундоган. Тој за германските медиуми својата репрезентација не ја вброи ниту во топ 5 фаворитите за освојување на првенството на кое се домаќини.
„Франција е пред сите, потоа следуваат Португалија, Шпанија и Англија. На нам, после неколку слаби настапи потребна ни е самодисциплина, не се сметаме за први фаворити, но можеме да одиграме важна улога.“ – вели фудбалерот на Барселона и капитен на Германија, Илкај Гундоган.
Германија на Европското првенство на кое е домаќин е во група со селекциите на Швајцарија, Унгарија и Шкотска, која воедно ќе биде и нивни прв противник на отворањето во петок.