Жил Симон ќе биде втората тениска ѕвезда што ќе се прости со настапите на Ролан Гарос и ова му е последен настап на легендарниот гренслем во Париз, а збогувањето може да биде веќе утре.
Симон ќе игра против Марин Чилиќ и ако загуби тоа ќе му биде последниот меч пред домашната публика во Париз и на Ролан Гарос.
Цонга на 37-годишна возраст во вторникот со пораз од Руд ја заврши тениската кариера, а сега следи уште едно француско збогум од Симон.
Жил е врсник со Цонга и тој има 37 години, а најдобар резултат на гренслем турнирите му се две четвртфиналиња на Австралија опен во 2009 година и на Вимблдон пред 7 години.
На Ролан Гарос најдалеку стаса до четвртото коло, во 2011, 2013 и 2015 година.
Во кариерата освои 14 пехари на АТП турнирите и беше највисоко рангиран на шесттото место на светската листа во јануари 2009 година.