Грмна Париз за својата легенда – Цонга биеше битка до последен здив, со пораз се прости од тенисот (Видео)

Грмеше публиката на Ролан Гарос за својот миленик, францускито тенисер Џо Вилфред Цонга, кој сепак не успеа да победи и да си ја продолжи барем за некој ден својата кариера.

Како што најави неодамна 37-годишниот тенисер, настапот на ова издание на Ролан Гарос ќе му биде и крај на успешната кариера.

И во свој стил приреди шоу, но за жал на публиката што го бодреше френетично, не успеа да го победи Каспер Руд, во исклучително убав и неизвесен меч.

Цонга почна одлично и по тај-брејк поведе со 1:0 во сетови, а потоа се обиде на идентичен начин да ја зголеми предноста, но во нов-тај брејк Руд беше посупешен и победи со 7:4 во поени, за 1:1 во сетови.

Пред стартот на последниот тај-брејк, Цонга се пожали на повреда на рамото, но успеа да го доигра последниот меч во кариерата.

Норвежанецот направи пресврт со 6:2 во третиот сет, аа потоа имаше драма за крај. Цонга водеше со 6:5 во гемови и сервираше за 2:2, но пак не успеа и Руд потоа рутински со 7:0 во поени го доби и третиот тај-брејк и славеше со 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести