Франција како Данска, пресилна е за Црна Гора

Франција ја надигра Црна Гора со убедливи 36-27 и ова е втор пораз за Црногорците со девет гола разлика на Европското првенство во ракомет кое се игра во Унгарија и Словачка по оној на стартот против Данска.

Данците денеска ја прегазија осабената Холандија и обезбедија полуфинале, а блиску до тоа се и Французите, на кои во последното коло им треба само уште еден бод или Исланд да не ја победи Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести