5.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Франција ќе се „чекира“ на СП, Македонија ќе ја победи Летонија (Фото)

6792 Македонија – Летонија (18:00)

Македонија има пет победи на досегашните пет меча против Летонија, па иако вечерва во Скопје овие две селекции играат пријателски меч, очекувањата се дека избраниците на Благоја Милевски ќе дојдат и до шестата победа против денешниот противник. Летонците немаат победа на последните седум меча, додека Македонија има две нерешени и една победа на последните три натпревари.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.98)

 

6785 Македонија У21 – Шведска У21 (17:00)

Репрезентациите на Македонија и Шведска за фудбалери до 21 година играат квалификациски меч во Битола, на кој се очекува ефикасен фудбал. Македонија на последниот меч загуби од Црна Гора со 3-2, а претходно ја совлада Ерменија со 2-1, додека Шведска има три порази, од кои последниот е со 0-6 на домашен терен од Полска.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.80)

 

6051 Норвешка – Естонија (18:00)

Норвешка е на чекор од пласман на Светското првенство, но за официјализација ќе мора веројатно да причека на меѓусебниот дуел против Италија. Сепак, Халанд и другарите имаат шанса за уште една убедлива победа во квалификациите бидејќи на домашен терен ја пречекуваат селекцијата на Естонија. Норвешка во овие квалификации веќе победуваше со 5-0 (израел) и 11-0 (Молдавија) на домашен терен.

Предлог тип: 5+ (1.85)

 

6712 Молдавија – Италија (20:45)

И Италија не се откажува од директно учество на Мундијалот, а за да останат во игра, ќе им биде потребна (убедлива) победа над Молдавија на гости. Домашните имаат седум порази на последните осум меча, а не загубија само од Естонија (1-1) на последниот меч. За разлика од нив, Италија е во серија од пет победи по ред со гол-разлика од 18 дадени и пет примени гола.

Предлог тип: 4+ (1.80)

 

6710 Франција – Украина (20:45)

Франција е лидер во квалификациската група за пласман на Светското првенство, а со евентуална победа против Украина на домашен терен и официјално ќе го потврди учеството на Мундијалот. Избраниците на Дидие Дешан имаат четири победи на последните пет меча, а кикснаа само на гостувањето кај Исланд (2-2).

Предлог тип: 1 & 2+ второ (1.90)

- Оглас -

Најнови вести