И без Килијан Мбапе, Франција успеа да победи на гостувањето кај Португалија, во мечот кој директно решаваше за тоа која селекција ќе ја освои првата позиција во групата од Лигата на нации.
Нголо Канте во 54 минута погоди, што на крајот се покажа како доволно за триумф на Галските петли кои сега имаат 13 бодови и се на чело на табелата, додека Португалија остана со 10 и послаб меѓусебен дуел, па нема шанса да биде лидер на крајот. Голот на Канте осначи и крај на серијата од 558 минути без примен гол на Руи Патрисио за Португалија.
Кристијано Роналдо го продолжи кошмарот кога игра против Франција, затоа што ова беше шести меч за него со овој ривал и нема уште нема дадено ниту еден гол, што му е најдолг пост во кариерата без погодок против еден ривал на репрезентативно и клупско ниво.
6 – Cristiano Ronaldo has never scored in 6 games against France, the opponent he has faced the most in his club and international career without scoring. Complex. #PORFRA pic.twitter.com/4FMDOXXLjl
— OptaJean (@OptaJean) November 14, 2020
Во вториот меч од оваа група, Шведска со 2:1 ја победи Хрватска. Дејан Кулушевски го даде првиот репрезентативен погодок и најави триумф на домаќините, а Даниелсон со глава зголеми на 2:0. Пред крајот на мечот, Даниелсон си даде и автогол.
Германија губеше со 0:1 против Украина, но на крајот не дозволи изненадување и Панцерите победија со 3:1. Сане израмни на 1:1, а потоа два гола даде Тимо Вернер за сигурен триумф на фаворитот.