Ефикасен фудбал се играше на натпреварите од Лигата на нации вечерва. Еден од оние мечеви на кој имаше најмалку голови беше победата на Франција над Белгија од 2-0. Французите барем малку ги залечија раните од домашниот пораз против Италија, па со головите на Коло Муани и Дембеле ја совладаа Белгија.
Италија после победата над Франција, многу потешко од очекувањата го совлада Израел со 1-2 на гостински терен во Будимпешта. Италијанците поведоа преку Фратези и Моис Кен, но Израел донесе неизвесност преку Абу Фани. Сепак, домашните немаа сили за изнандување.
Ерлинг Халанд после критиките дека не се залагал против Казахстан, ја донесе победата за Норвешка на домашниот меч против Австрија. Фудбалерот на Манчестер сити погоди во 80-тата минута, кога ги постави конечните 2-1.
На останатите натпревари од дивизијата „Б“ на Лигата на нации, Словенија со 3-0 на домашен терен го совлада Казахстан, Црна Гора загуби дома од Велс со 1-2, додека Турција пред своја публика славеше над Исланд со 3-1.
Во дивизијата „Ц“ се одиграа само два натпревари. Романија ја победи Литванија со 3-1, додека Косово со 0-4 победи на гости против Кипар.