Франција за четири и пол минути успеа тоа што не можеа Хрватска, Белгија, Шпанија и Португалија во 300 минути (Видео)

Франција поведе со 1:0 во полуфиналето против Мароко, и тоа неполни пет минути по стартот на мечот. Тео Ернандес одлично се снајде и успеа да го совлада Боно за радност на Галските петли.

Интересно е дека ова е првиот гол што Мароко го прими од противнички играч. Досега Мароко играше со четири европски селекции, и тоа Хрватска, Белгија, Шпанија и Португалија и ниту една не успеа да ја затресе мрежата на африканската селекција. Тоа што повеќе од 300 минути не им успеа на овие четири европски национални состави, Франција го направи за неполни пет минути игра.

- Оглас -

Најнови вести