Франција заборави да победува кога го нема Мбапе на терен

Репрезентацијата на Франција важи за еден од главните фаворити за титулата на Европското првенство, но во првите две кола тимот на селектор Дидие Дешан, не покажа колку е силна, дадоа само еден гол и тоа автогол на противниците.

Со ваква неефикасност, тешко дека може да дојдат до тронот. Синоќа против Холандија, на терен го немаше Килијан Мбапе, и за Франција продолжи серијата без победа кога Мбапе не е во игра.

Бројките и фактите го кажуваат следното: Франција одиграла три натпревари на големите натпреварувања без Мбапе откако тој е репрезентативец, и не успеа да постигне гол на ниту еден од тие мечеви. Франција нема ниту една победа на последните 6 натпревари во кои Мбапе не е стартер, а севкупно последната победа на Галските петли без Мбапе беше на 25 март 2022 против Брегот на слоновата коска. Од тогаш, имаат еден пораз и две ремија без ѕвездата.

Мбапе кој има скршеница на носот, можеби ќе игра во третото коло против отпишаната Полска, и пред него е предизвик, конечно да го постигне својот прв гол на едно Европско првенство. Ако не игра Мбапе, предизвикот за неговите соиграчи ќе биде да покажат дека знаат да победат и без него.

- Оглас -

Најнови вести