Француски репрезентативец сè уште е без клуб, и тоа само поради неговата мајка

Репрезентативецот на Франција, Адриен Рабио, сè уште е без клуб за новата сезона, откако летово му заврши договорот со Јувентус. Како најголема причина за ваквиот развој многумина ја посочуваат неговата мајка Вероник, која воедно е и негов менаџер. Таа кога преговара со клубовите, секогаш настапува со максималистички барања за својот син.

Рабио од ПСЖ си замина на истекот на договорот бидејќи Вероник не се договори за платата, а тоа се случи и сега со Јувентус, иако Старата дама му нудеше плата од седум милиони евра годишно.

Интерес за него имаше од Интер, Ливерпул и Манчестер јунајтед, но без некои посериозни преговори. Вредноста му е 35 милиони евра, а есенва со сигурност нема да игра во Лигата на шампионите бидејќи рокот за пријавување на фудбалери веќе истече.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести