Поранешниот дефанзивец на Арсенал и репрезентацијата на Франција, Бакари Сања, во интервју зборуваше на многу теми, а една од нив беше и Лионел Меси. Според Фрнцузинот, Меси во Интер Мајами го пронајде идеалниот клуб, а не пропушти да зборува и во суперлативи за Аргентинецот.
„Роден е со талент и дарба. Ако ја комбинирате неговата игра, страста и љубовта кон фудбалот, тогаш добивате совршена комбинација која остава впечаток дека се уште игра врвно и во овие години. Имате играчи како него кои се феномени. Не е само изведбата на терен, туку и во целата генерација. Мислам дека во Интер Мајами веќе е сопственик. Неговото семејство постојано е тука, како да се дома. Може да игра слободно уште неколку години.“ – порача Сања.

