Францускиот „Л’Екип“ од Меси направи револуционер (фото)

За денешниот тираж на „Л’Екип“ направена е посебна насловна страница на која главната улога ја има мегаѕвездата на Барселона, Лионел Меси. Французите го претставија Аргентинецот како револуционер во Барселона во ликот на Ернесто Че Гевара, еден од поттикнувачите на кубанската револуција во средината од 20-от век.

Идејата за оваа илустрација е поради соопштението кое Меси вчера го објави на „Инстаграм“ околу скратувањето на платите во клубот.  Играчите се согласија да им се намалат платите до 70 отсто во следниот период со цел шпанскиот првак да ја одржи финансиската стабилност во оваа криза предизивикана од пандемијата со Коронавирусот.

Во соопштението на Меси пишуваше дека фудбалерите уште од самиот почеток прифатиле да им се намалат платите, но за да се соопшти одлуката се чекало неколку дека, односно се правел план каде би било неопходно да се наменат одземените средства, додека медиумите шпекулираа дека не прифаќаат да им се скратат примањата.

Насловот на денешниот тираж е: „ Лионел Меси, Че Гевара на Барселона“.

- Оглас -

Најнови вести