Меси се огласи, играчите прифатија 70 отсто скратување на платите

 

Лионел Меси, капитенот на Барселона и прва ѕвезда на тимот преку „Инстаграм“ се огласи дека играчите го прифатиле предлогот на управата да им бидат скратени платите до 70% во наредниот период. Прекинот на сезоната поради пандемијата со Коронавирусот ги погоди финансиите на европските гиганти, по што мораше да се преземат вакви мерки.

По неколку разговори меѓу капитените и раководството, донесена е одлука со цел да може финансиски да се поддржат останатите вработени во колективот. Соопшението на Меси го објавија уште неколку играчи од првиот тим на Барселона.

„Разбираме дека ова е вонредна состојба и мора да се преземат вакви мерки. Никогаш не сме отстапувале од нашата одговорност, на сличен начин и претходно сме му помагале на клубот на наша иницијатива“, стои во дел на соопштението кое го објави аргентинската мегаѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести