Французинка триумфира на завршниот мастерс

Француската тенисерка Каролин Гарсија триумфира на завршниот мастерс турнир што се играше во Форт Ворт, САД, откако во финалето ја победи Белорусинката Арина Сабаленка во два сета.

Гарсија со најважната победа во кариерата дојде по 102 минути игра, во кои славеше со 7:6,6:4. До победата во финалето Гарсија дојде на импресивен начин, ниту еднаш не ѝ дозволи на противничката да има брејк топка.

https://twitter.com/i/status/1589829927033266180

Ова е вкупно 11-та титула во кариерата на Французинката, која годината ќе ја заврши на четвртото место на ВТА ранг-листата, со што ќе го израмни нејзиниот најдобар пласман, кој веќе го имаше во 2018 година.

Со триумфот на завршниот мастерс турнир, Гарсија на најдобар начин ја заврши годината, таа беше фантастична во вториот дел од сезоната, кога покрај Форт Ворт, триумфира и во Бад Хомбург, Варшава и во Синсинати.

Таа стана втората француска тенисерка која триумфирала на завршниот мастерс, тоа пред неа ѝ успеа само на Амели Морезмо во 2005-тата година.

- Оглас -

Најнови вести