7.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Французите ја испратија Србија во аут од ЕП, неверојатна драма на Чешка – Шведска

Франција ја победи Србија со 29:25 во меч кој решаваше за патникот во следната фаза на Европското првенство. Галските петли уште во првото полувреме ја покажаа целата своја моќ и по 30 минути водеа со убедливи 16:7, па второто полувреме беше само формалност.

Франција оди понатаму како прва во групата Ц каде втора е Хрватска, додека без пласман во втората фаза останаа Србија и Украина.

Најдраматично беше во Е групата, каде Чешка и Шведска одиграа нерешено 27:27, а ремито ги испрати Швеѓаните на второто место додека Чешка извиси и остана трета. Во една ситуација која двете селекции имаат по три бода, а меѓусебниот дуел им е нерешен, решаваше вкупната гол разлика, а тука Шведска беше подобра за два гола.

Во денешните мечеви од ЕП постигнати се следните резултати: БиХ – Шведска 24:28, Црна Гора – Словенија 33:32, Словачка – Русија 27:36, Украина – Хрватска 25:38, Чешка – Шведска 27:27, Франција – Србија 29:25, Литванија – Норвешка 29:35 и Македонија – Данска 21:31.

- Оглас -

Најнови вести