21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Французите се чудеа од тоа како ги дочекаа во Молдавија

Актуелниот светски фудбалски првак Франција вечерва ќе гостува во Молдавија, во првиот меч од квалификациите за ЕП 2020 година. „Галските петли“ се апсолутни фаворити, но тоа треба да го покажат на теренот. Фудбалерите на Франција вчера беа збунети по слетувањето на аеродромот во Кишињев.

На пистата во главниот град на Молдавија во традиционални народни носии стоеја девојки кои во рацете држеа погача и сол. Тоа е традиционално покажување на гостопримство, но француските фудбалери едноставно збунето гледаа, но сепак покажаа почит кон традицијата на домаќинот.

 

- Оглас -

Најнови вести