Френки де Јонг конечно ја разреши дилемата дали ќе остане во Барселона

Френки де Јонг одлучил да го продолжи својот договор и да остане во Барселона уште долг временски период. Холандскиот играч за врска конечно е подготвен да ја прифати понудата на Барселона, која веќе со месеци стои на маса.

Де Јонг под водство на тренерот Ханси Флик се чувствува подобро од претходните сезони. По закрепнувањето од повредите и враќањето во топ форма, тој е подготвен да се бори за место во почетниот состав.

Сепак, холандскиот играч ќе мора да прифати намалување на платата бидејќи моментно е под договор од 2020 година, кога тогашниот претседател на клубот Хозеп Марија Бартомеу го направи еден од најплатените играчи во Шпанија.

Де Јонг е убедливо најплатениот играч во соблекувалната на Барселона, а неговиот сегашен договор истекува летото 2026 година.

Во случај да не го продолжи договорот, управата на чело со Жоан Лапорта одлучила дека Де Јонг ќе мора да прифати да остане надвор од тимот и да гледа од трибините. Барселона сака да избегне заминувања без обесштетување, што значи дека Де Јонг е свесен дека мора да го прифати продолжувањето на договорот во наредните месеци.

Деталите за новиот договор сè уште не се познати, но главната вест е дека Де Јонг сега е отворен за продолжување на соработката, што претходно не беше случај бидејќи размислуваше и за можноста да остане во клубот до истекот на договорот во 2026 година и да замине без обесштетување.

- Оглас -

Најнови вести