Македонскиот прволигаш Шкупи се пофали со ново звучно засилување. Во Чаир пристигна Магаи Гаје, кој игра во нападот.
Се работи за фудбалер кој има искуство од англиската Премиер лига, како и од француската Лига 1, затоа што бил член на екипите на Евертон, Милвол, како и тимот на Стразбур во Франција.
Сепак, факт е дека овој фудбалер од 2022 година наваму нема клуб, а последен пат има играно за грчкиот второлигаш Анагениси.
Магаи ја започна својата кариера во францускиот Стразбур, по што замина во Премиер лигата, каде што настапуваше за Евертон и стекна значајно искуство во елитниот англиски фудбал. Подоцна играше и за Милвол во Чемпионшип, како и кратко време за Брест во Франција.