Фудбалер на Арсенал кој игра за Монца избоден со нож во трговски центар!

Шпанскиот фудбалер Пабло Мари бил прободен со нож во грб во супермаркет во еден трговски центар во близина на Милано, а иако првите информации беа застрашувачки дека тој е во критична состојба, сепак тој е свесен и не е животна опасност.

Мари е играч на Арсенал, а сезонава игра како позајмен за новиот италијански прволигаш Монца, за која месецов даде и еден гол во Серија А. Тој бил со сопругата и синот во моментот кога бил прободен.

Напаѓачот, кој има 46 години, веднаш е фатен и приведен, а прободел пет лица. Полицијата ја исклучува опцијата дека станува збор за тероризам. Најверојатно напаѓачот е лице кое има ментални проблеми.

- Оглас -

Најнови вести