Фудбалер на Бешикташ го посети 13-годишното момче кое преживеа 128 часа под урнатини

Фудбалерот на Бешикташ, Јосеф де Соуза, денеска го посети во болница 13-годишното момче Арда Чан кое преживеа 128 часа под урнатините по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија.

Арда по извлекувањето од разурната зграда во Хатај, беше префрлен во градската болница во Адана, каде што во посета му дојде фудбалерот на Бешикташ.

„Честитам, ти си вистински херој. Ти си херој на турскиот народ, сите знаат колку си силен. Големо задоволство ми е што се фотографирам со тебе и ти посакувам се најдобро“, му рече Де Соуза на Арда, кој е голем навивач на Бешикташ.

- Оглас -

Најнови вести