28.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Фудбалер на Евертон доби навреди на расна основа по поразот од Астон вила

Англиската полиција отвори истрага поради пораките на расна основа кои на социјалните мрежи ги доби фудбалерот на Евертон, Амаду Онана.

Онана на својот профил на „Инстаграм“ објави поракa која ја добил во неделата, по поразот на Евертон од 4:0 од Астон вила. На неа пишуваше: Бескорисен мајмун.

„Ужасно е да се помисли дека некој користи онлајн платформа за да злоставува други луѓе на расна основа. Полицијата потврдува дека истрагата е во тек и таа започна веднаш откако беше објавено дека кон фудбалер на Евертон се упатени расистички коментари на социјалните мрежи“, изјави портпаролот на полицијата во Ливерпул.

Освен полицијата, своја интерна истрага ќе спроведе и клубот Евертон со цел да биде идентификуван испраќачот на пораката.

„Сите мора да имаме нулта толеранција кон таквото однесување. Нема место за расизмот на интернет, на нашиот стадион и во општеството“, соопшти Евертон.

- Оглас -

Најнови вести